Алонсо оптимист, ќе најде место за Инди 500

Фернандо Алонсо е сигурен дека ќе најде место и ќе се трка на Индијанаполис 500 легендарната трка која ќе се одржи во Мај.

Една од водечките екипи во таа серија, Андрети, го одби возачот откако Хонда ставила вето на доаѓање на шпанецот во тим кој вози со нивни мотори, а потоа и екипата на Ед Карпентер ја затвори вратата за Нандо.

Запрашан од страна на El Mundo Deportivo дали ќе се појави на овогодинешното издание на Брикјард, тој одговори:

секако. сум кажал дека тоа во моментов е најголем предизвик за мене. имам мирен распоред и помалку трки сезонава и дефинитивно ќе се обидм да стигнам до тројната круна – најави 38 годишниот возач.

Во врска со неговата Формула 1 иднина, тој најави дека би се вратил во спортот следната година, но само со многу конкурентен болид за себее.

не знам дали ќе се вратам иако во моментов тоа е многу актуелно прашање кое ми се поставува, ќе видиме летоска. формула 1 нема многу предизвици за мене затоа што веќе сум ја освоил, така што доколку се вратам ќе биде за да уживам. имам други сонови со поголем приоритет кој сакам да ги остварам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ