Алонсо и Кадилак победија на 24 часа Дејтона

Фернандо Алонсо стана само третиот Формула 1 шампион кој победил на Ролекс 24 часа Дејтона трката откако истата беше прекината неколку часови порано поради многу силниот дожд.

Двократниот првак заедно со Џордан Тејлор, Камуи Кобајаши и Ренгер ван дер Занде го возеше автомобилот број 10 Коника Минолта ДПИ Кадилак на Вејн Тејлор Рејсинг. Во трката имаше неколку црвени знамиња, а Алонсо го превзема водството кусо пред последното знаме предизвикано од сударот на поранешниот Формула 1 возач, Фелипе Наср.

Стјуардите ја прекинаа трката на 10 минути пред крајот, а во предвид се земаа резултатите од пред истата да биде прекината, резултати по кој автомобилот број 10 беше на прво место.

неверојатно искуство со тимот од тестирањето до трката, соврешено изведена трка. многу различни услови за сите, а јас сум навистина пресреќен за екипата.

штета што не добивме можност да се тркаме цели 24 часа, но водевме во текот на ноќта, водевме и во текот на денот на сува и мокра патека, така што сметам дека победата е заслужена.

не се работеше за времето по круг или нешто слично, туку за минување на целната линија константно, возење на конкурентни кругови до крајот и ни се исплатеше – изјави возбудениот алонсо.

Во минатото, победи на Дајтона имаат и Формула 1 прваците Фил Хил и Марио Андрети.

Автомобилот број 31 на Велен Инженеринг Кадилак возен од Фелипе Наср, Ерик Куран и Пипо Дерани заврши на 2ро место, пред автомобилот број 7 на Акура Пенске возен од Рики Тејлор, Хелио Кастроневес и Александер Роси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ