Алонсо прв во ѕид на Инди

Втора година по ред Фернандо Алонсо е првиот возач кој се судри во оградата за време на тренинзите за легендарниот Индијанаполис 500.

Шпанецот повторно ќе учествува на престижната трка на Брикјард и ќе вози за Мекларен СП тимот, но немаше добар ден завршувајќи во оградата на излеот на 4та кривина од овалот откако закачи на тротоарот со левото предно тркало и заврши во бариерата.

Неговиот болид имаше штета, но Алонсо немаше никаков проблем.

грипот не беше како што очекував, а ѕидовите овдека се многу блиску и тоа е тоа. за жал повторно се судрив уште првиот ден и се надевам дека лошиот малер помина и нема да имам проблеми на трка. секој круг се учи овдека и од ов доста научв.

утре повторно ќе се обидам и се надевам дека се ќе биде во ред. продолжуваме со добра работа и се надеваме дека повеќе нема да имаме никакви проблеми – изјави нандо.

Шпанецот го заврши денот со 8мо најбрзо време од 33 болиди кои се појавија на патеката, неговиот колега Оливер Аскју беше 10ти, а Патрик О’Вард беше 20ти.

Ова беше втора година по ред Алонсо да заврши во ограда уште во првата тренинг сесија за трката. Лани, исто така со Мекларен, се судри на 3та кривина и го почна за него малерозниот Мај во кој не успеа да се квалификува за главната трка.

Годинава е трет обид на Фернандо на Брикјард откако подолго време “ја брка“ тројната круна во моторспортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ