Алонсо престасувал иако не бил брз на правците

Фернандо Алонсо изјави дека имал изненадувачки престасувања во Бахреин иако не биле најбрзи на правците. 

Шпанецот се искачи на подиум на првата трка иавозена за Астон Мартин и патем изведе неколку неверојатни престасувања против Луис Хамилтон од Мерцедес и возачот на Ферари, Карлос Саинз. 

Мислам дека не бевме брзи на правците. Нормлано е да се престаса во првиот или четвртиот свиок, Но го поминав Луис во 10та кривина додека Карлос во 11от свиок.

Не беше тоа на нормално место. Морав да направам чудни потези за да престасам. Мислам дека Луис се изненади, а исто и Карлос. Немав брзина на правците – откри нандо.

Алонсо сега изгледа дека има најконкурентен болид во последната декада. Претходно не успеа да напредува со Мекларен и Алпин. 

Уживав да возам напред. Тоа е исто во секоја борба. Кажуваме дека е исто, но кога се бориш напред со одлични возачи и шампиони е поинтензивно.

Не сакав да направам грешка и да испаднам. Среќен сум. Болидот беше одличен за возење. Тоа е нашата сила во текот на тестот. Сакав подиум и го постигнав тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ