Алонсо: Спринтот во Австрија не е идеален за нашите надградби

Фернандо Алонсо смета дека Австриското ГП нема да биде идеално за Астон Мартин да ги оптимизира своите најнови надградби поради компресираниот распоред на Спринт викендот во Формула 1.

За Канадското ГП претходно овој месец, Астон Мартин дебитираше поагресивна каросерија со страничните подлоги и ревидиран дизајн на подот за својот AMР23 што Алонсо го искористи за да го обезбеди својот шести резултат на подиумот во сезоната, завршувајќи втор зад Макс Верстапен.

Но, Шпанецот вели дека напорот на Астон Мартин целосно да го разбере неговото ажурирање може да биде спречен на Австриското ГП овој викенд, кое ќе биде втора Спринт трка годинава по Азербејџан.

Ново за оваа година, квалификациската сесија за одлучување за гридот за главната трка се одржува во Петок. Во меѓувреме, спринт настанот сега е подржан од квалификациска престрелка и трка во Сабота.

Ова остава само еден слободен тренинг во Петок попладне за тимовите да го усовршат своето поставување и да ги потврдат сите надградби на болидот.

Мислам дека спринтерскиот викенд нема да биде идеален за нас – призна Алонсо.

Сè уште ни треба повеќе време за тренинг со нашиот нов надграден болид. Сè уште треба малку да го разбереме и оптимизираме пакетот.

Во Австрија, очигледно со спринтот, ќе имаме само Т1 да го направиме тоа.

Патеката ќе одговара добро, а можеби и подобро за пакетот, така што можеби во Австрија имаме малку повеќе темпо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ