Алонсо среќен и подготвен пред ВЕЦ

Фернандо Алонсо откри дека не може да биде позадоволен со сетапот на Тојота во екот на подготовките за премиерата во Ендјуранс првенството и ЛМП1 серијата. Паралелно со своите Формула 1 обврски, тој сезонава ќе се натпреварува и во ВЕЦ.

Се чувствувам целосно подготвен. Од првиот ден затеков одлична група на луѓе кои се многу продуктивни и лесни за соработка. Атмосферата во екипата е одлична, нешто што тешко се наоѓа во Формула 1. Најдобар дел од екипата е тоа што сите се како група, како семејство.

Сега ќе одам во хотел и ќе разговарам со Мајк и Казуки, а потоа ќе седнам и ќе дискутирам со Кобајаши и Буеми. Ние не сме спротиставени екипи. Мислам дека ние шесторицата одлично ќе се носиме, затоа што сме на иста маса и нема некоја видлива разлика. Можеби некој ден ќе бидеме сведоци на некоја емоција доколку еден автомобил заврши пред друг – појасни Нандо.

Шпанецот ќе го вози Тојота ТС050 хибрид автомобилот со број 8 заедно со Себастиен Буеми и Казуки Накаџима, додека вториот автомобил на Тојота со број 7 ќе го возат Мајк Конвеј, Хозе Мариа Лопез и Камуи Кобајаши.

Нандо потврди дека наоѓањето на сетапот на автомобилот било изненадувачки лесно.

Не е никаков проблем да се дели автомобило. Механички или аеродинамички сетапот на автомобилот е добар за сите тројца. Кога е добар, тоа го потврдуваат сите возачи кои го возат. Во однос на седечката позиција и тие пропратни работи, исто така сме слични.

Првата трка од сезоната ќе се одржи претстојниов викенд на легендарната Спа-Франкошамп, патека која му е многу позната на Нандо од Формула 1. По Спа, следува легендарната 24 часа Ле Ман.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ