Алонсо уживал во Дакар тестот за Тојота

Фернандо Алонсо го имаше својот прв офроуд тест со Тојота почнувајќи го дводневниот тест на јапонците во Јужна Африка како подготовка за Дакар релито следната година.

Шпанецот тестираше крај победникот на Данар од 2009 година и Советник на Тојота, Жинел де Вилие и по тестот даде позитивен фидбек за неговото прво искуство надвор од асфалтната патека.

сум пробал различни серии и автомобили минатите две години, но ова е сосема поинаку од она што сум навикнат да го возам. беше забавно, различно, без сомнеж, но многу интересно. автомобилот навистина трпи многу, многу повеќе од тоа на што сум навикнат, но забавата е многу голема – изјави нандо.

И покрај тоа што за прв пат вози Тојота Хилукс во вакво опкружување, Фернандо се чувствувал добро во автомобилот.

се е многу поинаку, нерамнините се многу тешки да се прочитаат и да се оцени нивната височина и колку брзо да се мине преку нив. автомобилот е одличен, има добар грип, баланс, моќ и запирање и се е неверојатно.

сеуште сум на почеток со овој автомобил, но удобно ми е, но ќе продолжам со тесто под раководство на де вилие.

И поранешниот првак на Дакар, Де Вилие имаше што да каже:

се наоѓаме во калахари пустината што не е место каде што очекувате вообичаено да видите формула 1 шампион. одлично е што фернандо дојде тука со нас да го проба хилукс затоа што ова е најдобар начин да проба нешто ново и различно за него.

се работи н запознавање со теренот, читање на нерамнините, проценување на скоковите и дините, нешто што не го правел до сега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ