Алонсо ќе стартува од 26то место на Инди 500

Фернандо Алонсо својата втора трка на Индијанаполис 500 ќе ја стартува од 26то место од вкупно 33 болиди, а сето тоа поради  недостатокот на крајна брзина.

Возачот на Ероу Мекларен СП имаше просечна брзина во текот на четири круга од 228,768 милји на час со што е многу зад своите колеги Пато Овард и Оливер Ескју кои се квалификуваа на 15та и 21та позиција.

Марко Андрети беша најдобар на квалификациите со просечна брзина од 231,351 миљи на час.

Алонсо сепак ја чека трката за да се докаже. Брзината не е иста на тренингот и квалифиакциите. Знаевме дека сакаме добри квалификации без грешки и да дадеме се од себе.

Мислам дека го постигнавме ова и среќни сме со тоа. Болидот број 66 беше одличен денес и мислам дека имаме конкурентен болид. Стартната позиција не ги менува нашите очекувања за во недела. Наш фокус е трката. Ова место нуди многу можности за луѓето од крајот – изјави шефот на екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ