Алонсо ќе тестира нова “eye-view“ камера

Фернандо Алонсо би можел да тестира нова “eye-view“ камера во прво лице пред крајот на сезоната како дел од неговото простување со спортот.

Формула 1 работи на повеќе различни onboard камери и сака да воведе кадар преку кој гледачите ќе имаат можност да видат како изгледа погледот од внатрешноста на заштитната кацига на возачите.

Развојот е во тек, но постои можност двократниот шампион, Фернандо Алонсо, кој заминува од тркачката серија на крајот на сезоната, да ја тестира новата камера пред крајот на сезоната. Снабдувачот на кациги за Алонсо, Bell, има опција за вградување на камера од страничниот дел, на еднакво ниво со видното поле на возачот.

Од Bell веќе разговарале за можноста Алонсо да експериментира со таква камера на Американското Гранд При, но била донесена одлука дека е премногу рано.

Размислувавме да ја тестираме камерата со Bell и ФОМ, но на крајот тоа не се случи за викендот во САД. Незнам дали ќе се случи на следните викенди, но ќе биде добро да се екпериментира. Можеби за последната трка, тоа ќе бидат добри спомени – вели Алонсо.

Гаранција дека видео записот ќе биде од ТВ квалитет е важен фактор, но за Формула 1 безбедноста е клучен параметар и постојат чекори низ кои треба да се помине ако камерата попречува на самата кацига.

Камерата на Bell би била поставена од надворешната страна, но Ф1 работи на дизајн кој би бил вметнат во внатрешноста, од страна на главата на возачот, на ниво на неговото видно поле.

Се што вклучува промена на внатрешноста на кацигата мора да биде одобрено од производителот, но повеќе и од ФИА, кои се одговорни за хомологација на дизајните.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ