Алпин А521 ќе дебитира на Силверстон

Новиот болид Алпин А521, наследник на фабричкиот Рено, откако беше вчера официјално претставен, ќе дебитира на легендарната патеката Силверстоу за прв пат денеска кога тимот ќе користи ден за снимање. 

Алпин е наследник на фабричкиот Рено од 2016 до 2020 година, го објави новиот болид кој оваа сезона ќе биде во боите на француското знаме, наместо традиционалната жолта препознатлива за францускиот производител.

Естебан Окон ќе ги вози првите кругови со болидот на Силверстон во Среда, додека Фернандо Алонсо ќе продолжи физички д се подготвува по сударот додека возеше велосипед.

Мекларен, Ред Бул, АлфаТаури, Алфа Ромео и Вилијамс веќе ги возеа своите болиди за новата сезона.  Актуелниот шампион Мерцедес решија да го користат денот за снимање пред предсезонскиот тест во Бахреин. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ