Алпин го ангажираа Зидан како бренд амбасадор

Легендата на францускиот фудбал, Зинедин Зидан, е именуван за амбасадор на брендот Алпин, изненадување што наиде на голем аплауз на настанот за презентација на болидот на тимот одржан во Лондон во четвртокот навечер.

Зидан уживаше додека се искачи на сцената, откако беше пофален од извршниот директор на Алпин, Лоран Роси, за неговиот победнички менталитет, кој ќе го инспирира Формула 1 тимот.

Многу сум среќен што сум овде денеска и среќен што сум дел од тимот на Алпин – изјави светскиот фудбалски шампион од 1998 година пред збунетата публика.

Имав можност да се сретнам со Лоран, Давиде и со тимот на Алпин и мислам дека имавме добра размена и споделивме многу заедно – рече Зидан.

Новиот возач на Алпин, Пјер Гасли, и голем фан на Зидан, со потешкотии се бореше да ја задржи возбудата од можноста да работи со еден од неговите вечни идоли.

Тој беше еден од моите идоли уште кога бев дете. Почнав да играм фудбал на пет и сакав само да го носам бројот 10, неговиот дрес, секогаш кога одев на вежбање и тренинзи.

Да го видам како амбасадор денес и да поминам малку време зад сцената пред настанот, го нападнав со милиони прашања за неговата кариера – вели Гасли.

Се шпекулира дека Ферари му понудил позиција на амбасадор на италијанскиот противник на Зидан од светското првенство, Марко Матераци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ