Алпин го пробаа новиот А523 пред промоцијата

Фабричкиот Алпин тим, на големо изненадување, го провозе својот А523 болид уште пред промоцијата која е закажана за во Четврток.

Екипата од Енстон одбра да не покажува никакви слики до промоцијата, иако се појавија слики од луѓе кои случајно биле присутни околу патеката. Прв возел староседелецот Естебан Окон, извртел неколку кругови, а потоа работата ја превзел Пјер Гасли, дебитантот во тимот кој ги довозел преостанатит едозволени километри.

Алфа Ромео, Ред Бул, Вилијамс и Ферари до сега ги пробаа своите болиди на патеката, а се очекува истото да го сторат и другите екипи многу скоро.

се додека не се вратите со болид на патеката не може да сфатите колку тоа ви недостасувало. беше чест да се вози а523 денеска и да се искуси од прва рака сето она што луѓето во фабриката го направил со овој болид.

големо благодарам до сит емажи и жени во вири и енстон за овој пакет и тоа што ни дозволија волку рано да го пробаме на патеката. првиот круг секогаш е за паметење и задоволен сум што денеска немавме никакви проблеми.

ќе го покажеме официјално болидот во четврток на посебен настан, а потоа и во бахреин на тестот – задоволен е окон.

Гасли имаше можност да го вози стариот А522 на тестот по трката во Бахреин, така што ова е дополнително запознавање за него со тимот и процедурите.

фантасично беше чувството повторно да се вози особено за новиот тим, алпин. денеска добив првичен впечаток за болидот и тој беше одличен во круговит кои ги одработев.

знам дека сите во тимот без одмор работеа да го развијат болидот во текот на зимата и беше горд момент да се вози плодот на таа работат гледајќи ги задоволните лица во гаражата. нетрпелив сум на промоцијата во четврток кога ќе откриеме повече.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ