Алпин задоволни од годинешните перформанси

Алпин работеле на оптимизација на работата помеѓу одделот за шасија во Енстон и оној за моторот во Вири, така што се задоволни од направениот напредок. 

Французите сметаат дека е клучно двете локации да работат и да се надополнуваат без проблеми, а напредокот од тоа, според нив, е веќе видлив на патеката. Овогодинешниот мотор на Рено го фалат како голем екор напред во однос на претходникот и рамо до рамо со останатите, Алонсо беше во ситуација да нападне и за првиот ред во Австралија, а Емилија Ромања беше единствена трка без поени за нив.

моите приоритети е да се направи вири уште подобар, а сите веќе ја гледаат одличната работа која сме ја завршиле за оваа и следната сезона. имаме одличен мотор и одлична шасија поради подобрата работа со енстон.

голем чекор е она што го гледаме на гридот затоа што не ги знаеме податоците од останатите, сами нашите и гледаме дека одиме во вистинска насока. она што е важно за перформансите на болидот се податоците на динамометарот, а тие се одлични.

а522 болидот е дизајниран со најдобар можен компромис да се извади најдобар болид и продолжуваме да работиме кон таа цела. развиваме човечки и технички односи на дневна база помешу двете компании, а сигналите се правилни.

мислам дека годинава сме веќе успешни и ги остватуваме целите затоа што перформанси имаме и тоа е доказ дека концептот на кој заедно работиме е исправен, носи резултати и е во вистинска насока – изјави бруно фамин, шефот на одделот за мотори во вири.

Тој призна дека предност е да се има муштериски тим, но тие годинава работат само со и за фабричката екипа, иако се почесто се споменува дека доколку американецот Мајкл Андрети стане дел од гридот, ќе корити нивни мотори.

секогаш е добро да се иа муштериски екипи за споредба и за повеќе километри тест и трка. сигурен сум дека колку повеќе работиме, толку поинтересни ќе стануваме за екипите. секако дека ограничување постои, но партнерството е интересна работа.

Главниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, најави пред сезоната дека моторот ќе биде дизајниран на начин што ќе ги става перформансите пред издржливоста и тоа веќе им носи проблеми со оглед на тоа што Фернандо Алонсо веќе го користи својот трет мотор со внатрешно согорувае.

Но,Фамин застана во одбрана на тој пристап објаснувајќи дека со оглед на тоа што моторот е замрзнат до 2026 година, а промени во однос на издрлживост се дозволени, логично е да работат на перформанси пред тоа да биде забрането.

сите производители бараат барање за подобрување на издржливоста на своите мотори до фиа, не сме само ние со проблеми. кога се зборува за четиригодишно замрзнување на развојот, немаме избор освен да извадиме најмоќен мотор што можеме во моментот, затоа што модификации за перформанси нема да бидат дозволени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ