Алпин имаат проект од 100 трки до врвот

Фабричкиот тим на Алпин си постави цел од 100 трки за да стигнат до конкурентно ниво за борба за подиуми. 

Иако Естебан Окон дојде до првата победа оваа сезона по само 11 трки за проектот Алпин, французите целат на стабилен и мирен напредок. Во моментов тие се на петта позиција кај конструкторите и се најдоа веднаш зад Мерцедес, Ред Бул, Мекларен и Ферари. 

Но, тимот има јасна визија за успехот во иднина која ја сподели извршниот директор Лорен Роси. 

Имаме јасен проект на долг рок и сакаме да стигнеме до конкурентно ниво за подиуми до 2024 година. Денес сме на петта позиција и мислам дека секоја година ќе сме подобри.

Напредуваме на секоја трка, напредокот го правиме на патеката иако не се гледа секогаш, Но нема да застанеме бидејќи се движиме во вистинска насока.

следната година ќе биде пресвртна. Сакаме да имаме достојно ниво на перформанси и нема да застанеме таму – најави роси.

Извршниот директор на Рено, Лука де Мео, ја поздрави визијата и изјави дека цели на стабилен тркачки бизнис. 

Тука сме за да останеме и да се подобриме затоа што Имаме амбиција. Алпин е дел од еден од најголемите производители на автомобили во светот.

Планираме Алпин да биде трансформиран во електричен автомобилски гигант и во таа насока Го развиваме продуктот.

Идејата е со трките да направиме бизнис преку кој ќе се финансинсираат операциите. Нашите перформанси во Формула 1 ќе ја зачинат целата приказна. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ