Алпин истражуваат водородни горива

Алпин започнале студија за проценка на водородни горива и дали моќта која ќе ја испорачуваат тие е вистинската насока за долгорочната иднина на Формула 1.

Неодамна ФИА ги потврди правилата за новите мотори со кои ќе се тркаат тимовите од 2026 година до 2030 година, истите ќе бидат турбо хибриди со одржливо гориво, но дебатата дали спортот треба целосно да се електризира сеуште е актуелна. Тешко дека батериите ќе бидат доволно моќни до 2031 година за да може да носат перформанси како што доликваат на Формула 1, така што мора да се бараат алтернативи.

Опцијата за која Алпин сметаат дека е добра е водородни горива кои французите веќе почнале детално да ги истражуваат наоѓајќи ги силните и слабите страни на нивното користење на трка.

Главниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, е свесен дека целосно електричните мотори не се опција за спортот и откри дека тие ги проценуваат водородните.

не мислам дека ќе можеме да се тркаме со целосно електрични мотори затоа што не гледам дека за 15 години од сега ќе ниде подготвен така силен електро мотор. поради тоа ние истражуваме и како производители на мотори сме насочени кон истите со цел да дадеме предлози за нови мотири и правила за во иднина, а насочени сме кон водородните горива.

за мене и за нас како алпин, тоа е правилна насока, почисто е, не е целосно чисто, но многу е подобро од традиционалното гориво. органските и синтетички горива може да станат со ограничена понуда и доста скапи.

водородното гориво има една добра страна, ќе ја сочува сржта на тркањето, односно бучавата од моторите. веројатн оза 20 години луѓето нема ни да сакаат врева и бучава на трки затоа што автомобилите ќе бидат на струја и ќе бидат тивки, но токму тоа може да го направи ова шоу посебно.

не смееме да заборавиме дека формула 1 е забава, бизнис, но тоа мора да биде изградено од љубовта на фановите кои треба да уживаат во него. ние бараме тоа да се зачува.

Роси посочи дека целта во студијата на Алпин е да се процени дали моќта која доаѓа од моторите кои користат водород е доволна за ниво на перформанси потребни за Формула 1 болид. Доколку студијата донесе позитивни заклучоци, французинот најави имплементација на 24 часа Ле Ман како за почеток за да се докаже изводливоста на таквата опција.

сакаме да играме улога на инспиратори на тимовите и на федерацијата. сакаме да покажеме, но прво да си докажеме самите дека тој концепт работи затоа што треба да истражиме дали е доволно добро.

ако работи ќе најдеме начин да го покажеме во некоја тркачка серија каде наш автомобил ќе вози на вдородно гориво. тоа веројатно ќе инспирира многумина.

ако порше, ферари и останатите не следат, ќе биде одлично. подобро е тоа што носиме уште една алтернатива за во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ