Алпин можат многу да искористат од Рено

Извршниот директор на Алпин, Лорен Роси, верува дека искористувањето на ресурсите на матичната компанија за патнички автомобили, Рено, во области како што е вештачката интелигенција, може да помогне во брзиот напредок на Формула 1 гридот.

Роси го превзеде кормилото на ребрендираниот тим на Алпин на почетокот на минатата сезона и се насочи кон тоа да се бори на предниот дел од гридот во следните пет години. Иако тој е свесен за празнината во перформансите што постои кон врвните тимови како Мерцедес и Ред Бул, тој верува дека неговиот тим со седиште во Енстон има причина да верува дека може да блесне додека Формула 1 се движи кон нова ера.

Ние ја имаме стабилноста што ја нуди групацијата Рено за пет до 10 години постојано финансирање, а исто така и средствата.

Фактот дека Формула 1 се повеќе и повеќе се движи кон се помалку физички тестирања, со се повеќе и повеќе симулации и анализи на податоци, во групата Рено, имаме научници за машинско учење со вештачка интелигенција, со врвен квалитет, кои се користат за изминатите 20 години насекаде на производната страна, на маркетингот, насекаде.

Можеме да ги повикаме и да ги имаме во тимот за да ни помогнат да го донесеме следниот слој на стратегија, на пример, за време на трката или анализа на податоци. Сите тие работи можат да ни помогнат да го премостиме јазот и потенцијално да ги надминеме другите.

Сакаме да победуваме на трки и можеби шампионат, а тоа е до крајот на 2024 или 2025 година, во зависност од тоа кога ќе заврши периодот на актуелната регулатива околу моторите – посочи роси.

Покрај тоа што мисли дека Алпин ги има состојките потребни за да оди напред, тој смета дека доаѓањето на ограничувањето на буџетот е исто така многу корисно за неговиот тим.

Верувам дека ги имаме сите алатки за да стигнеме таму во одредена средина. Ги ресетиравме перформансите со новите правила каде сите почнуваат од нула и работиме под исти ограничувања.

И покрај тоа што некои од тимовите се поврзани или имаат подобри ресурси, да не се криеме зад некоја фигура, бидејќи тоа е горе-долу иста игра. Така ни станува малку полесно да се бориме.

Не е како да вложивме 200 милиони долари, а тие дадоа 500 милиони, 200 плус или минус нешто е во ред, можеме да го направиме тоа.

Тогаш можеме да го искористиме искуството од пет години во Формула 1 како фабрички тим, со моторот и шасијата. Можеме да најдеме и да направиме многу подобра работа за интегрирање на моќен мотор во шасијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ