Алпин може да има проблеми со моторот догодина

Марсин Будковски, Извршниот директор на Алпин, е загрижен поради недостатокот на податоци за нивниот мотор бидејќи тие се единствените кои користат агрегат од Рено. 

Со замрзнувањето на развојот на моторите, тие нема да смеат да направат промени до воведувањето на новите правила. Рено веќе не го снабдува Мекларен и имаат 3 пати помалку податоци од Мерцдес кои освен фабричкиот тим, снабдуваат уште три екипи со мотори. 

Во нашиот случај, со нов мотор, многу е важно тоа да се однесува на сите системи во болидот. Грижата доаѓа од новиот мотор и можноста да направиш промена доколку имаш проблем со издржливоста, Но тешко е да направиш еволуција.

Фокусирани сме да направиме добар пакет и да не ризикуваме многу. Имаме динамометри за тоа. Потребни ни се многу тестови, Но ништо не го заменува моторот на патека. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ