Шафнауер: Мора да се дозволи трошење надвор од буџетот

Отмар Шафнауер од Алпин изјави дека проблемот во Формула 1 не се парите туку забраната на ФИА за трошење што спречува унапредување на инфраструктурата. 

Другите тимови имаат подобри алатки за симулација, а Ние мора повеќе време да поминеме на патека – посочи американецот.

Тимот има еден постар симулатор во Енстон што ги спречува во работата. 

нашиот симуларот е стар 15 – 20 години. Тоа е стар модел на Мекларен. Нарачавме нов пред еден месец и додека да го добиеме треба една ипол година. 

Друг проблем е што тимовите не може да се носат со главните играчи поради ограничувањата. 

Зборувавме за ФИА во однос на потребните инвестиции кои не спаѓаат под лимитираниот буџет, Но заглавени сме со старата инфраструктура. Имаме нов дел за тест на трансмисијата и немаме место за друго. Другите делови се надвор од лимитот како воздушниот тунел на Астон Мартин за кој е направен исклучок. Без исклучок тоа немаше да се случи. 

Шафнаеур изјави дека носат персонал од другите тимови. 

За тоа треба време и договорите на луѓето се на долг рок. Астон носи луѓе од Ред Бул и Мерцедес и сите зборуваат за тоа. 

Американецот зборуваше и за планот на Алпин од 100 трки за титула. 

Имаме уште 75 трки. Тоа се три ипол години. ДО тогаш ќе сме подготвени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ