Алпин објаснија зошто возат со ист мотор три години

Извршниот директор на Алпин, Марцин Будковски, откри дека тимот морал да ја жртвува оваа тркачка сезона за селоцно да се насочи кон развој на нов мотор за следната година, нешто што не било направено цели три сезони.

Хонда, Мерцедес и Ферари имаат нови мотори донесени на патека последните 18 месеци, но моторите на Рено користат внатрешно согорување дизајнирано и непроменето од 2019 година.

направивме компаративна анализа и дојдовме до заклучок каде заостануваме со моќ и менаџирање на енергијата, тежината, пакувањето и сличните работи. користиме исти мотор трета година по ред со многу мали промени сезонава и лани, но реално најголем дел датира од 2019 година. како резултат на тоа, конкуренцијата напредува побрзо од нас. исто така, шасијата и менувачот ни се исти, така што механичкиот дел од болидот е ист три години.

таков избор направивме затоа што планиравме да претставиме целосно нов мотор оваа година паралелно со целосно новите правила, но откако истите се одложија и ние ги одложивме нашите новини за следната сезона. за жал, затворените фабрики поради пандемијата лани не ни дозволија да се посветиме на се што требаше да се заврши појасни будковски.

Фернандо Алонсо неколку пати кажа дека тимот ќе ја користи сезонава само како подготовка за предизвикот од 2022 година, а Будковски смета дека одлуката да се одложи новиот агрегат за следната година е вистинска.

не сме во идеална ситуација со одложувањето на новиот мотор. истиот е повеќе од само подобрување на моќта и ќе го направи болидот многу побрз на правец. исто така ќе имаме и нова архитектура која ќе го промени и дизајнот во однос на конкурентите, но немаме ресурси да работиме на актуелниот мотор паралелно со оној за 2022 година.

одлучивме да е насочиме кон 2022 година, донесовме стратешка одлуак која веруваме дека е исправна, иако е болно и годинава нема да сме толку конкурентни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ