Алпин остануваат во Ф1 и следните 5-10 години

Иднината на Алпин во Формула 1 е безбедна и според Главниот извршен директор на брендот, Лорен Роси, тие ќе останат во спортот и следните 5-10 години.

Естебан Окон стигна до победа за француската екипа на Унгарското Гранд При, но Роси смета дека тоа не бил тлку важен јубилеј и момент во врска со посветеноста на Алпин и на Рено ко Формула 1.

победата не беше толку битна. ние темелно го променивме нашето гледиште за формула 1, а претходно тоа секогаш беше тема на сомнеж на членовите на бордот и менаџментот на рено груп.

сега формула 1 е место каде припаѓа алпин и поради тоа во истата сме силно вклучени и јас и претседателот лука де мео. решивме дека ќе останеме во формула 1 и следните 5-10 години. победата од хунгароринг не ја промени нашата стратегија, иако секако дека ни помогна – посочи роси во својата изјава за германски Auto Motor und Sport.

Тие го имаат двократниот шампион Фернандо Алонсо во кокпитот на едниот болид, иако Роси призна дека направиле некои грешки сезонава како на пример одложувањето на моторот до следната година што ги чинело перформанси сезонава.

не мислам дека е некаква предност што го задржавме развојот на моторот за една година. ќе беше многу подобро да имавме еволуција на моторот годинава, тоа ќе ни дадеше далеку подобра база за следниот нов агрегат кој ќе го претставиме догододина. сега напредуваме, но со мнгу помал екор од останатите.

Тој призна и дека ситуацијата за Рено и Алпин не е лесна поради фактот што немаат свој муштерија на гридот и моторите ги користи единствено фабричката екипа.

за жал повеќе немаме помош од никој, но немаме избор. нашиот мотор повеќе не е атрактивен за муштериите, иако во минатото дури и самите си штетевме обидувајќи се да го прилагодиме моторот на муштериите. ако порано некој муштерија не беше задоволен, го развивавме моторот во две насоки, за нас и за нив и на тој начин самите си штетевме. сега не е така, сега сме фокусирани на себе.

штом се е како што треба, ќе биде интересно да имаме муштерии повторно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ