Алпин поставија цел на трките

Шефот на Алпин, Отмар Шафнауер, постави цел на тимот за да стигне до успех на секоја трка до крајот на годината. 

Франуската фабричка екипа имаше тежок старт на сезоната и освоија поени само во Бахреин и Џеда, додека во Мелбурн и Баку имаа тешки викенди без поени. На последната трка во Мајами, повторно освоија поени. 

Споредено со Баку, Мајами беше чекор во вистинска насока. Мора да го повториме тоа и да бидеме поконкурентни. Сакаме два болида во поени на секоја трка и доколку е можно да се оди напред – гласи желбата на американецот.

Алпин се шести кај конструкторите со исто поени како Мекларен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ