Алпин со промени во менаџментот, Бруно Фамин е одговорен за моторспорт

Алпин го назначи шефот за мотори, Бруно Фамин, за потпретседател на нивните моторспорт операции.

Екипата на Алпин најави реструктуирање на своето повисоко раководство во одделот за моторспорт, при што шефот за мотори во Формула 1, Бруно Фамин, ќе стане потпретседател на Алпин Моторспортс.

Фамин сега ќе управува со сите нивни активности во моторспортот низ спортските автомобили, рели-реид, академијата на Алпин и Ф1, одговарајќи директно до извршниот директор Лоран Роси.

Овој потег значи дека тимскиот шеф на Алпин, Отмар Шафнауер, ќе поднесува извештаи директно до Фамин.

Тој ќе остане на чело на одделот за мотори во Ф1 и моторспорт во Вири-Шатилон, откако ја презеде улогата на извршен директор во 2022 година.

Алпин го користи големото искуство на Фамин во моторспортот, додека очекуваат да се вратат во форма која ќе биде конкурент за титула во Ф1 и во другите категории.

Тимот допрва треба да ги исполни своите ветувања за поредовно постигнување подиуми во Ф1 оваа сезона, но со поголем фокус на нивните операции во моторспортот, тоа може да доведе до подобри резултати на патеката.

Со ова назначување, Бруно Фамин ќе биде во позиција да го искористи своето долгогодишно искуство во моторспортот, изградено на неговиот уникатен рекорд на победи, вклучително и неколку титули во Ле Ман и Дакар.

Тој, исто така, ќе придонесе со своето признаено инженерско знаење, кое помогна повторно да се воспостави агрегатот на Алпин како веродостојна референца во падокот, како и неговото долгогодишно искуство во регулативите за моторспорт, откако долго време служеше како добро почитуван директор во ФИА. – се вели во изјавата на тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ