Алпин цели на најсилните екипи: Не сме далеку

Шефот на Алпин, Отмар Шафнауер, изјави дека тимот мора да работи повеќе на развојот доколку сака да ги стигне Мерцедес и Астон Мартин. 

“Сребрените стрели“ имаат проблеми со концептот на болидот и Астон Мартин е најдобар од останатите со четири подиуми за Алонсо на пет трки, а  Мерцедес е 82 поени пред Алпин додека 88 од Астон Мартин и имаат само 14 поени. Лорен Роси кој е Главен извршен директор на Алпин смета дека тимот ги промашил целите за оваа сезона додека Шафнауер верува дека ќе напредуваат на наредните трки. 

Мора многу да работиме на развојот и не сме далеку од Мерцедес и Астон Мартин, Но далеку сме во однос на поени и не профитиравме од инцидентите. имаме достојни поени и малку ни недостасува за да надоместиме – посочи отмар. 

Роси го нарече тимот аматерски откако Окон доби три казни во Бахреин и имаа лош викенд во Баку и се сомнева дека тимот ќе се поправи и нема да чека до крај на година за да направи промена. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ