Алпин ќе носат нов персонал, планираат инвестиции и нов симулатор

Од фабричкиот Алпин тим открија планови дека имаат намера да донесат нови аеродинамичари во тимот, а и да внесат нови пари, да инвестираат во работи како нов симулатор со цел да го подобрат својот Формула 1 проект.

Главниот изцршен директор на компанијата, Лорен Роси, жестоко го нападна тимот за очајниот старт на сезоната, дури нивните потези на моменти ги нарече и аматерски, но шефот Отмар Шафнауер веднаш застана во одбрана на екипата.

Се најавува дека новиот симулатор веќе е почнат со изградба и треба да биде готов за сезоната во 2025 година, а патем веќе е донесен и нов шеф на одделот кој ќе се занимава исклучиво со симулаторот. Шафнауер посочи дека актуелниот симулатор е стар повеќе од 20 години, купен од Мекларен пред речиси една деценија и е веќе застарен.

ако имате совршени алати за симулација или барем блиску до совршени, секој викенд ќе го почнувате далеку подобро подготвени. ние донесовме луѓе да ни помогнат поточно д ги симулираме круговите и времињата пред да дојдеме на патеката за да бидеме подобри како што ќе одминува викендот – објасни американскиот шеф на тимот.

Иако Алпин постојано се шират и носат нов персонал, сеуште не се стигнати до планираниот максимум., а Шафнауер посочи дека примерот на Астон Мартин, кои донесоа инженери од Мерцедес и Ред Бул, ја покажува насоката која треба да се одбере. Иако тие предимно сакаат да го искористат сопствениот потенцијал, свесни се дека им недостасуваат искусни аеродинамичари.

ако сакате покус пат до перформанси, ви треба персонал. ред бул има тим од 50 аеродинамичари, не еден, но човекот кој е главен на тие 50 ги има сите идеи и ако го замените останува тимот кој работел под него. така, во осој спорт единствен покус пат до успехот е времето.

ред бул веројатно имаат 50 аеродинамичари, ние имаме 38 и сакаме да стигнеме до 45, така што ни недостасуваат 7-8 искусни инженери за аеродинамика во енстон, имаме место и сакаме да ги донесеме.

Рено остануваат целосно посветени на својот Формула 1 проект иако се појавија гласини дека размислуваат за напуштање. За време на трката во Мајами низ падокот кружеше веста дека дилерот на автомобили од Флорида, AutoNation, размислува да сане акционер во екипата, но за сега тие се појавија само како спонзори. За оваа вест да биде поиздража беше посочено присуството и на Лорен Роси (првиот човек на Алпин) и Лука де Мео (првиот човек на Рено) во падокот.

Отмар не потврди никакво договор за капитално учество на AutoNation.

не сум директно вклучен во никаква продажба и купување на акции, но знам дека ако се случи нешто такво, ќе биде веднаш објавено. убаво е што постои интерес кај компаниите и сигурен сум дека ако добиеме свеж капитал, истиот ќе биде инвестиран во инфраструктура.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ