📷 АлфаТаури го претстави новиот АТ02

АлфаТаури станаа вториот тим кој го откри својот болид за 2021 година, АТ02 кој Пјер Гасли и Формула 1 дебитантот, Јуки Тсунода, ќе го возат оваа сезона, а шефот на тимот Франц Тост јасно стави до знаење за својата цел во новата сезона.

Главна новина на АТ02 е новиот и посилен мотор на Хонда за 2021 година, а однадвор и сосема нова шара. Тимот очекува да ги надградат резултатите од 2020 година, во која Пјер Гасли победи Големата Награда на Италија и со поранешниот тимски колега Даниил Квјат освоија 107 поени, најмногу во историјата или на АлфаТаури или на Торо Росо.

Исто така, новак во тимот е Јуки Тсунода, 20-годишниот јапонски возач кој го заменува Квјат по завршувањето на сезоната во Формула 2 во 2020 година на третото место. Тсунода е подготвен за своето деби во Формула 1 по голем број тестови во болидите на Торо Росо и АлфаТаури , вклучително и возење со Торо Росо СТР14 на италијанската патека Мисано на почетокот на овој месец.

Директорот на тимот, Франц Тост, ги претстави својот состав и  амбициозната цел за сезоната во 2021 година.

Во 2020 година Скудерија АлфаТаури беше тим од средниот ред, ние успешно се боревме против другите тимови како Мекларен, Рено и Рејсинг Поинт, но нашата цел за оваа година е постојано да бидеме на врвот на средниот ред и да напредуваме понатаму.

За да го постигнеме ова, ние треба да избегнеме проблеми со сигурноста и да ги завршиме сите трки во поени. Ова може да се случи само ако не направиме никакви грешки, па затоа мора да бидеме 100% концентрирани на нашата работа, трка по трка, вклучително и надвор патеката, бидејќи нашите конкуренти се тешки за борба. Ќе дадеме се од себе за да обезбедиме добро шоу за сите љубители на Фormula 1.

Како изгледаше промоцијата?

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ