АлфаТаури: Не правиме компромис за 2022

АлфаТаури имаат охрабрувачки старт на оваа сезона, но сепак нема да жртвуваат ресурси од развојот на болидот за идната година. 

Формула 1 наредната година ќе претрпи големи промени во техничките правила и многу тимови сметаат дека целосно треба да се промени пристапот во нивните проекти. АлфаТаури го имаа четвртиот најбрз болид на гридот на првите две трки оваа сезона. Моментално се на 5та позиција кај конструкторите поради одредени проблеми на двете трки. 

Како што знаете, 2022 година е огромен проект. Лично како шеф на техничката група мислам дека не смее да се прави компромис. Предизвикот е да се максимизираат ресурсите и да се употребат во даден момент кога ќе решиме дека е доста за оваа година.

Важен е балансот. Веќе доста ресурси се користат на новиот болид, но не сакаме се да користиме за да сме подобри наредната година. Важна е и оваа година и наредната.

Не би сакал целосно да се посветиме на наредната година – изјави техничкиот шеф на АлфаТаури, Џоди Егинтон.

Егинтон смета дека оваа сезона напредувале и сакаат да одат уште напред. 

Сега сме во средниот ред и Франц сака да целиме на петтата позиција. Мислам дека болидот е поконкурентен со промените од зимата и мислам дека ќе ја намалиме разликата. Би било наивно да се каже дека ќе останеме тука. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ