АлфаТаури сметаат дека биле подобри отколку во 2008 со Фетел

Шефот на АлфаТаури, австриецот Франц Тост, верува дека тимот ги надминал постигнувањата на Себастијан Фетел додека германецот беше член на екипата од Фаенца во 2008 година. 

Откако се ребрендираа од Торо Росо во АлфаТаури, тимот дојде до втората победа во 15годишната историја преку триумфот на Пјер Гасли на Монца.Тимот заврши на седма позиција кај конструкторите со најмногу поени до сега. 

Победата на Гасли доведе до споредба на перформансите на тимот со 2008 година кога четирикратниот шампион Фетел кој тогаш возеше за тимот стана најмладиот победник во Формила 1 историјата, исто така на Монца. 

Во 2008 година имавме фантастична победа со Себастијан на Монца, но немавме толку добри завршници како оваа година. Не беше само победата на Монца, Имавме и други добри трки како четврто место на Имола, петто на Портимао, шесто во Бахреин и Германија, седмо во Австрија, Британија и Муџело. Не беше само една возбудлива трка имавме многу повеќе – посочи тост.

Искусниот австриец го поздрави начинот на кој тимот од Фаенца се справил со предизвикот и посебно напредокот на Гасли. 

Во Фаенца дизајнерскиот тим и производството работеа навистина добро. Стануваме посилни во секој аспект. Луѓето даваат повеќе и очекуваат повеќе. Имаме навистина добри возачи.

Пјер многу напредуваше и постигна високо ниво. Болидот работеше од самиот почеток, но и надградбите донесоа резултат. 

Оваа сезона Пјер Гасли донесе три четвртини од поени на тимот и заврши на десетта позиција кај возачите. Французинот не освои поени само на три трки. 

Можам да кажам дека сум подобар возач од претходно. Моја цел е да бидам поконстантен. Очигледно никогаш немате идеални услови, Но треба да се справите со повеќе фактори. Среќен сум со моите завршници и квалификациите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ