Алфа и Заубер продолжуваат заедно и догодина

Алфа Ромео автомобилскиот бренд и Формула 1 тимот нза Заубер ќе продолжат заедно и следната година, откако шефот на Алфа откри дека инволвираноста во Формуа 1 најдобра инвестиција во светот за италијанската компанија.

Алфа Ромео се врати во Формула 1 во 2019 година како партнер и главен спонзор на Заубер и ужива техничко партнерство со Формула 1 тимот. Долгорочна соработка секогаш била цел на двете екипи, но истата се ревидира секоја година, а продолжувањата се објавуваат во текот на летото.

Жан Филип Импарато, Главниот извршен директор на Алфа Ромео, потврдил дека двете страни се сложиле да проолжат заедно и во 2023 година.

секоај година во јули ја разгледуваме оваа ситуација. ако во иднина дојдеме до заклучок дека формула 1 повеќе не е интересна за нас или ако немаме доволно добар повраток на инвестицијата, ќе прекинеме да го правиме тоа – посочи импарато.

Договорот значи цеосно брендирање на Заубер, така што наизглед тимот како да е фабрички на Алфа Ромео иако тие не се присутни во спортот со твој ресурси.

имаме неверојатно добар повраток на инвестицијата, изненадување е, но повторувам дека имаме неверојатно добар фидбек од формула 1.

инвестираме заедно со нашите колеги во заубер, имаме развиено нов бизнис модел кој има двојно раководење помеѓу двете страни. знаеме совршено добро што фредерик васур сака затоа што го менаџира тимот од почеток, не му се мешаме, а имавмее и тешки моменти и искушенија.

како алфа, ние ги поддржуваме со се што можеме со цел да имаме подобар развој. напредуваме секоја следна година, подобри сме секоја следна трка, но понекогаш и се мачиме – дооплни директорот.

Тимот е значително подобар во однос на лани и тешките претходни години. Швацарците во моментов се 6ти кај конструкторите и веќе имаат 4 пати повеќе освоени поени одошто цела ланска сезона. Тимот е поврзан со продажба на Ауди како дел од плановите на германците за сопствен тим на гридот, но Импарато не е загрижен.

секоја година правиме анализа за да одлучиме како ќе продолжиме. не сум долгорочно обврзан за ништо, можеби ќе прекинеме после 5 години, не знам. да бидам јасен, секои приговори за мотори или било што друго ги води фредерик васур во најдобар интерес за заубер.

за нас како алфа ромео најдобар интерес е да имаме добар повраток на инвестицијата секоја година и перформансите да бидат што е можно подобри. сето останато не не интересира.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ