Алфа не брзаат со одлука за во иднина

Главниот извршен директор на алфа Ромео, Жан Филип Импарато, откри дека компанијата не брза да реши околу долгорочната инволвираност во Формула 1 во иднина.

Минатиот меец Алфа Ромео објавија дека спонзорскиот договор со Заубер е продолжен до крајот на следната година, а потоа веројатно швајцарската екипа ќе почне да соработува со Ауди. Потврдата од Милано дојде истиот ден откако Ауди најави дека од почетокот на 2026 година ќе почне да доставува свои мотори во тркачката серија.

Од Алфа Ромео потврдија дека ќе останат во спортот само доколку се договорат со некоја екипа, која секако користи мотори од Ферари, така што во моментов се чини дека Хаас е единствена опција за нив. Опција секако би била и некоја нова екипа која би сакала да работи со Маранело, на пример Андрети. Во спротивно, компанијата би се насочила кон други серии како електричната Формула Е или ендјуранс.

јас сум отворен на се и имам време да проучам се без никаков притисок што е одлично. би кажал дека дури и да донесеме одлука до крајот на оваа година, имаме недели и месеци да видиме како ќе се одвиваат работите и да разбереме подобро.

не брзаме никаде, се е можно и би сакал да најдам најдобар компромис помеѓу чистиот моторспорт и електрификацијата која е неизбежна.

се обидувам да направам константност помеѓу историјата на компанијата и неопходноста која ја носи иднината. тоа не е лесно – посочи импарато.

Тој не сакаше да ги коментира гласините дека Ауди и Заубер наскоро ќе ја официјализираат соработката, но посочи дека нивната потврда за прекин на соработката е јасен индикатор.

потребата за јаснотија е многу важна. јас сакав да пратам порака и тоа да биде едноставно. го продолживме договорот со заубер инженеринг за следната година и многу сме среќни поради тоа.

од деловна гледна точка веројатно имам најдобар поврат на инвестицијата во падокот, но и начинот на кој соработуваме, правиме посебни едиции и организираме специјални настани. среќни сме од аедничката соработка.

заубер инженеринг секогаш имал годишен договор со нас и секоја година се правело проценки за продолжување на соработката и тоа секогаш беше во јули секоја година.

2024 година ќе биде годината која ќе ја претставиме првата целосно електрична алфа ромео така што планот мора да биде долгорочен околу тоа. исто така, мораме да отвориме и ново поглавие во историјата, нова авантура, не само со историајта на заубер туку и со моторспортот и да искористиме од тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ