Алфа Ромео: Жу е се подобар и му парира на Ботас

Од Алфа Ромео изјавија дека Жу Гуанју станува се подобар во неговата втора сезона во Формула 1 и може да му парира на искусниот колега Валтери Ботас.

Кинескиот возач откако дојде во Ф1 доста ветуваше. но во втората сезона имаше навистина силен старт. Иако беше во Бахреин зад Ботас, тој се квалификуваше пред него во Саудиска Арабија. Двајцата возачи имаа проблем со балансот во Мелбурн но Жу повторно беше подобар и заврши во поени. 

Мислам дека Жу ја подигнува играта. Сега би рекол дека се на исто ниво. Тоа е добро за нас.

Квалификациите не беа идеални, но на последните две сесии бевме блиску до К3 – изјави Хеви Пујолар. 

Од стартот на зимските тестирања, Жу покажа напредок и на првата трка влезе доста силно. Пујолар смета дека неговата самодоверба е главен фактор за напредокот. 

Тој е се посамоуверен. Работи со Валтери да напредува и заедно прават чекори напред. 

Откако ги освои првите поени оваа сезона, Жу напредуваше во хаотичната трка во Мелбурн каде Алфа Ромео заслужено дојде до топ 10. 

Јасно е дека три или четири тимови се многу напред и тесно е од осма позиција надоле. Сите може да стигнат до поени и тоа е целта. Не заостануваме туку Се работи за мали детали кои може да направат разлика. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ