Алфа Ромео најавуваат дека ќе се борат за поени по паузата

Тимот на Алфа Ромео сеуште верува дека има шанса да го престигне Вилијамс на 8та позиција кај конструкторите и покрај тоа што заостануваа по трката во Унгарија. 

Вилијамс им зададе голем удар на Алфа Ромео со двојните поени во Унгарија и сега британците имаат 10 поени предност. Латифи заврши на 7ма додека Расел на 8ма позиција и тоа се први поени за тимот со што направија голема предност пред Алфа Ромео кои имаат само 2 поени. 

Раиконен доби казна од 10 секунди поради небезбедно пуштање од бокс на почетокот кога удри во Никита Мазепин, додека Џовинаци доби 10 секунди во место поради пребрзо возење во бокс. 

Нема да биде лесно, но мислам дека е можно и сигурен сум дека Ќе се обидеме. Мислам дека на крај ќе бидеме многу подобри од каде што започнавме.

Сакаме два болида во К2 бидејќи и Вилијамс го постигнаа тоа. Имаме брзина за еден круг и мислам дека имаме шанса. Бевме понапред, но бевме казнети и затоа имавме предизвик. сега имаме разлика во поени и мислам дека ќе ја достигнеме – изјави главниот инженер на тимот/

Пухолар верува дека Раиконен и Џовинаци може да се добри на квалификациите како што го направија тоа во Унгарија. 

Мислам дека во нормални околности на трка не може да стигне Вилијамс до поени, Но има различни трки до крајот на сезоната. Мислам дека се можни поени за, нас но ќе биде тешко.

Нема посебни патеки, мислам дека на повеќето може да сме добри. Мора да го задржиме ова ниво и да ја зголемиме ефикасноста на патеките. Не гледам дека на некоја патека би можеле да имаме различен успех.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ