Алфа Ромео не може да го користи новиот симулатор

Техничкиот директор на Алфа Ромео, Јан Мончу, изјави дека поради пандемијата, тимот сеуште не може да го користи својот нов воздушен тунел иако го купи во 2019 година. 

Заубер и Алфа Ромео инвестираа во најнов симулатор на крајот на 2019 година, со надеж дека ќе го користат наредната година, односно лани, но поради пандемијата тие не беа во можност да го пробаат. 

Поради кризата со корона вирусот, не бевме во можност да го средиме симулаторот. Изгубивме неколку месеци развој. Сега работиме напорно да го сетираме. Работиме полека и се надевам дека брзо ќе го средиме – најави Мончу.

Првата надеж за користење на симулаторот е за развој на најновиот болид Ц41, но доколку нема време, тимот се надева дека ќе го користи за болидот за следната сезона. 

Мислам дека болидот за оваа сезона нема да искористи нешто од симулаторот. Мора да сме претпазливи за да не го сетираме погрешно и ризикот многу да не чини.

Наместо тоа, имаме план да одиме чекор по чекор и да направиме корелација пред и после трките, Но моментално не сме до таму. Се надевам дека болидот за наредната година ќе искористи многу од симулаторот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ