Алфа Ромео очекува различна борба на секоја трка

Шефот на Алфа Ромео, Алесандро Алуни Брави, верува дека средниот ред во Формула 1 ќе продолжи да ги менува позициите во текот на сезоната.

Ред Бул е тимот кој е доминантен и недостижен за останатите однесувајќи три победи на првите трки. Но, борбата за најдобар од останатите се води помеѓу Астон Мартин, Мерцедес и Ферари додека останатиот дел од гридод не може да им парира.

Алфа Ромео донесе нов нос во Австралија, каде тимот се обидува да се фокусира на развојот со лимитиран буџет.

Новиот нос оди во насока на подобрување на балансот во свиоците. Имаме добри податоци од Австралија, но секако сите се развиваат. Не дека нашиот пакет е многу подобрен, но сите се развиваат во текот на сезоната и ќе биде тесно.

Во минатите години имавме две го три десетинки на трка во кои се боревме, а Сега со две десетинки можеш да бидеш во К3 или на 16та позиција. Борбата е меѓу нас, Алпин, Мекларен и Хаас и секоја трка ќе биде различна за нас. Наредната трка ќе биде различна и ќе видиме на кое ниво ќе бидеме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ