Алфа Ромео потрошиле токени на нов нос

Алфа Ромео својот развој го насочиле на редизајнирање на предниот дел од својот болид, така што Ц41` има многу потенок нос одошто својот претходник.

Швајцарците го промовираа својот последен болид денеска на настан органииран во Полска со возачите Кими Раиконен, Антонио Џовинаци и резервистот Роберт Кубица присутни на местото на промоцијата. Првата разлика со својот претходник секако дека се освежените шари на шасијата.

Поради правилата кои ограничуваат развој годинава и дозвола за само два развојни токени по екипа, Алфа Ромео одбраа да го насочат својот развој на предниот дел од болидот, поточно носот од каде тргнува распределбата на воздухот.

ц41 има многу заеднички делови со својот претхјодник, болидот ц39 поради тоа што правилата, како резултат на пандемијата, го дозволуваат тоа.

развојот на одредени делови бил замрзнат, така што целата шасија мораше да биде пренесена, исто како и менувачот и многу други елементи околу системот за ладење. правилата дозволуваат два таканаречени развојни токени со кои може да се променат некои работи, а ние одбравме да го менуваме носот.

во формула 1 оваква ситуација е многу невообичаена, поточно тоа што не можеме да направиме целосно нов болид за претсојната сезона. за нас беше логично под овие услови да направме нов нос и трошоците да останат под контрола – објасни техничкиот шеф на екипата од хинвил, јан мончу.

Новиот Алфин болид ќе има деби на патеката во Петок во Барселона кога екипата одбра да користи еден од своите два дозволени денови за снимање, а потоа, на средина од Март, почнува предсезонскиот тест кој ќе трае само три денови.

тестирањето во бахреин ќе биде пеколно. очекувам секоја екипа да извози колку што може повеќе кругови со цел да проверат колку што е можно повеќе од болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ