Алфа Ромео сака подобри квалификации од Раиконен

Алфа Ромео соопштија дека смислиле план за да му помогнат на Кими Раиконен да ја подобри формата во квалификациите, откако финецот не успеа да се пласира во К2 минатиот викенд.

Додека Раиконен и Антонио Џовинаци постигнаа топ 10 финиш оваа сезона, светскиот шампион од Формула 1 од 2007 година не се претстави најдобро во споредба со италијанецот кој дури успеа да стигне до К3 во Монако.

Главниот за инженеринг на патека во Алфа Ромео, Ксеви Пухолар, јасно стави до знаење дека освојување поени започнува со подобри стартни позиции за возачите на швајцарскиот тим.

Со Кими следната недела ќе пробаме неколку работи и ќе видиме дали можеме да го доведеме во К2.

Имајќи ги двата болида во К2, мислам дека тоа едни на други помагаат и можеме да напредуваме. За нас ќе биде приоритет број еден да бидеме пред Вилијамс во квалификациите И тогаш се надеваме дека ќе можеме да направиме трка како што направивме денес.

Соединенијата на гумите ќе бидат еден чекор помеки следната недела, можеби и променливи услови, но ќе се обидеме да бидеме барем близу до првите 10, тогаш можеме да се тркаме на поинаков начин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ