Алфа Ромео прави трансфер во Хаас од 2024

Спонзорски договор би можел да се случи помеѓу Алфа Ромео и тимот на Хаас во 2024 година.

Алфа Ромео може да му се придружи на Хаас како спонзор во Формула 1 од сезоната во 2024 година, потенцијално вреден 20 милиони долари годишно. На крајот на оваа година ќе заврши спонзорството на Алфа на тимот на Заубер, со тоа што швајцарското име ќе се врати на гридот додека се подготвуваат за пристигнувањето на Ауди во 2026 година.

Како и да е, Алфа Ромео сакаат да останат вклучени во трките во Формула 1 и имале позитивни разговори со екипата на Гунтер Стаинер, чии сегашен спонзор Moneygram има слични бои како и италијанскиот бренд. Двата тима моментално се клиенти на Ферари и добиваат компоненти, вклучително и погонски единици од тимот од Маранело.

Разговорите меѓу двете страни биле планирани за Големата Награда на Емилија Ромања, но тие наместо тоа биле одржани во Монако откако настанот во Имола беше откажан. Повеќе извори со директно познавање на преговорите не ги негираат гласините за потенцијален двегодишен договор кој би траел и во 2025 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ