Алфа се следна цел на Хаас и Стаинер

Гунтер Стаинер посочи дека Алфа Ромео се следна цел на неговиот тим по скорешното враќање на формата на Хаас.

Американската екипа имаше 5 трки на кои никако не успеваше да стигне до поени, но се вратила силно во форма по ветувачките перформанси од почетокот на сезоната. Трките на Силверстон и Ред Бул Ринг резултираа со двојни поени од страна на Магнусен и Шумахер, така што екипата е на 7мо место во конструкторскиот поредок.

Алфа Ромео кои користат исти мотори како и Хаас се 17 поени пред американцие и секако дека имаат слични перформанси по скорешната преродба на тимот, така што цел за Стаинер се да ги стигне швајцарците.

не сакам да претерувам, но ако успееме да го задржиме ова 7мо место, дури и ако дојдеме до 6то би било прекрасно. се што е над 6то место е претерано тешко затоа што тие екипи се многу пред нас во однос на поените.

но, ако продолжиме како на последните две трки и одработуваме совршено на секоја трка со двојни поени за нашите болиди, можеби можеме и повисоко. сепак, прво сме насочени кон задржување на нашето 7мо место – најави стаинер.

Сепак, тој е свесен дека не може се да оди како подмачкано како што беше случај на последните две трки.

мораме да внимаваме и да не бидеме преголеми ентузијасти на следните трки затоа што никогаш не може да биде лесно. ние ќе ддеме се од себе и се надеваме на уште многу поени и пред се релаксирано лето кое ни претстои.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ