Алфа “среди“ приватен тест за Кореа

Американскиот Формула 2 возач, Хуан Мануел Кореа, ќе добие шанса да вози Формула 1 болид на Алфа Ромео на приватен тест кој тимот ќе го организира за него.

Тој е развоен возач на тимот кој стана дел од Хинвил на почетокот на оваа сезона, а се трка и за Заубер јуниот тимот во Формула 2 каде во моментов е на 12то место со два подиуми зад себе.

Еквадорецот кој уште од млади години е во Америка ќе тестира Заубер Ц32 болид на Пол Рикар, пакет со В8 мотор. Тој ќе цели на 300 километри, дистанца на една трка со цел да се запознат со механичарите, инженерите и самиот болид.

да се каже дека сум возбуден е малку. тест и кариера во формула 1 нешто кон што моите партнери и јас работиме веќе некое време. ќе одам чекор по чекор, ќе гледам и учам и ќе собирам колку што е можно повеќе искуство – најави кореа.

Минатите две сезони Хуан Мануел ги мина во ГП3 тркачката серија со Јензер моторспорт, а 2018 година ја завршиа на 12то место. Тој, исто како и Калум Илот, е член на Академијата на Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ