Алфа целат на револуција догодина

Во Алфа Ромео веруваат дека целосната промена на правилата за следната година им носи огромна шанса силно да напреднат во поредокот и да направат револуција.

Ребрендираниот швајцарски Заубер беа  на опашката од гридот лани и се бореа со Вилијамс и Хаас, на крајот победувајќи ги двете екипи. Сезонава правилата ќе бидат малку променети и ќе биде тешко за Алфа да направи нешто повеќе и значајно да напредне во однос на лани.

2022 година е поинаква “приказна“ затоа што сите екипи ќе дизајнираат и направат болиди “од нула“ без темели кои момже д ги надоградуваат, а Алфа се оптимисти дека ќе напреднат повеќе од конкуренцијаа.

Нашиот фокус е кон 2022 година која ќе биде целосна револуција во спортот. ќе имаме целосно нов болид што ќе биде огромна можност да напреднеме силно и да се приближиме дооние пред нас.

не е тајна дека годинава засилено ќе работиме на следниот болид и колку помалку го развиваме овогодинешниот, толку повеќе можеме да се насочиме на следниот, особено со ограничување на трошењето кое за прв пат е на сила сезонава – изјави јан мончу, техничкиот директор на тимот.

Иако тој најави дека тимот ќе носи новини и подобрувања во текот на годината, сепак појасни дека истите ќе бидат помалку значајни од претходно.

мислам дека многу екипи размислуваат многу малку време да посветат на овогодинешните болиди и да се насочар на болидите за 2022 година. сите ќе работиме под ограничен буџет, ќе имаме ограничени средства кои ќе можеме да ги потрошиме на програмата во текот на годината, така што ако 80% потрошите на овогодинешниот болид, во останува само уште 20% од буџетот за следниот болид, нешто што никој тим нема да го направи.

лани носевме нови делови ислам дека до тркаа во истанбул во турциј и портимао во португалија кон крајот на сезоната. би бил многу изненаден ако и годинава го правиме тоа, едноставно затоа што следната година има многу рабоа и е значајна за нашиот тим.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ