Американците сеуште немаат јасен став за трката

Патеката на Америкит, попозната како КОТА, домаќин на Американското Гранд При, односно нејзиниот шеф, Боби Епстеин, сеуште нема јасна слика околу шансите за овогодишна Формула 1 трка во Соединетите Американски Држави.

Првите осум трки веќе се потврдени од страна на организаците, сите ќе се одржат во Европа со почеток во Австрија за првиот викенд од следниот месец. Во врска со трките на останатите континенти, се чека развојот на настаните за да се види дали е можна и организација, пред се во Америка.

сеуште немаме јасна слика за нашата трка. мислам дека тоа што го научивме од европа е дека може да се почека до последен момент пред да се донесе одлука, така што кај нас тој процес сеуште е во тек.

немаме цврсто решение дали ќе имаме фанови или ќе се тркаме пред празни трибини. всушност, немаме одлука дали има смисла да се доаѓа во америка на формула 1 трка – откри епстеин.

КОТА сеуште има време пред да се донесе конечна одлука за судбината на трката, а краен рок и поставување на истиот зависат од политиката на државата околу можноста за фанови да бидат присутни на автодромот.

зависи од бројот на фановите затоа што две недели претходно да почнеме со продажба на карти можеме да продадеме 10-20 илјади, тоа не е воопшто проблем. организираме по 30 концерти годишно со 10-13 илјади посетители, така што за 20 илјади луѕѓе на патеката не е воопшто, никаков проблем.

тоа што сакаме да го избегнеме е да се подготвуваме 100 денови однапред за многу фанови, да градиме објекти за пртнерите и спонзорите, тоа е многу работа и на крајот да испадне дека не смееме да имаме публика на патеката, а парите да бидат залудно потрошени. сепак, со мало претходно обавестување можеме да организираме настан со 15-ина илјади гледачи.

Иако трката оваа година целосно е под знак прашалник, Епстен е дециден дека настанот нема да биде исполнет со концерти како што досега иамат обичај да организираат, но и покрај тоа ќе има премногу забава за оние кои сакаат да гледат врвно тркање.

во однос на подготовката на автодромот за фанови, за среќа имаме целогодишна патека и не треба многу работа за трката. во многу кус период штом добиеме известување за тоа, но во однос на тоа што вообичаено го правиме за гранд при викендите со сите фестивали и сета таа организација, тоа е огромен настан надвор од тркањето.

музичка забава, цели објекти за приготвување храна, тоа е процедура која долго време се работи, а веќе е доцна да се обидуваме да организираме нешто од тој тип.

кога трката ќе се случи, без разлика дали ќе имаме или ќе немаме фанови на патеката, ќе бидеме фокусирани на настанот, но секако дека ќе има тридневна прослава и многу активности паралелно со тркањето.

очекувам да се случи трка и да имем фанови и ќе им понудиме одлични три денови забава, тоа можам да го ветам. цената на картите ќе го отслика тоа и тка ќе привлечеме добра публика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ