Андрети бара тендер за нова екипа: Парите не се никаков проблем

Мајкл Андрети побара од ФИА да дозволи 11та екипа на Формула 1 гридот и истото да се реши преку Тендер на кој смета дека ќе ги победи сите.

Во Февруари медиумите пишуваа дека Андрети, синот на Формула 1 првакот од 1978 година, Марио, сака место на гридот и веќе почнал со подготовки на фабриката на својот тим, преговарал со доставувачи на мотори и почнал со регрутирање на персонал. Но, ФИА сеуште не дала официјално зелено светло за негово пристапување на гридот.

Стефано Доменикали неодамна изјави дека се задоволни од бројот на екипите на моменталниот грид.

морам да бидам многу искрен и да кажам дека сме задоволни со денешните 10 екипи на формула 1 гридот, нивната конкурентност е многу добра. има сложени работи кои треба да се решат пред да се додаваат екипи на гридот, а најважен е елементот на раст на спортот.

Но, Андрети Гловал не се откажуваат од желбата што поскоро да се најдат на гридот.

разговарав со главниот извршен директор на либерти медиа, грег мафеи и го прашав зошто не организираат тендер на кој јас сум сигурен дека ќе победам. саом тоа го барам.

сакам да ни дадат шанса да се докажеме дека сме сериозно заинтереисрани и дека ќе ги победиме сите. имаме одлични поддржувачки за кои парите не се никаков проблем.

Формула 1 забрзано работи на ширење на календарот и носење на спортот на различни дестинации, а ширењето на гридот некако е во тор план.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ