Андрети има договор за користење на Рено мотори

Според Марио Андрети, Андрети Глобал имаат договор да користат Рено мотори доколку се приклучат на Формула 1 гридот соглсно планираното од 2024 година.

Марио Андрети изјави дека неговиот син има формален договор да користи мотори на Рено за новиот Ф1 тим. Претходно, поранешниот Формула 1 шампион, откри дека Андрети Глобал побарале да се приклучат на Формула 1 од 2024 година и дека финансиски се целосно подготвени за тоа. Покрај тоа, имаат планови и за Формула 2 и Формула 3 тимови под истата капа. 

Зборувајќи на интервју со Дејвид Ланд, Андрети потврди дека ќе соработуваат со Рено но сеуште чекаат одговор од ФИА. 

Имаме формален договор со доставувач на мотори. Можам да кажам дека е Рено – потврди постариот андрети.

Во моментов Рено го снабдува само својот тим Алпин, но Лорен Роси пред неколку денови изрази подготвеност да снабдува и друга екипа во скоро време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ