Андрети и Кадилак најавија заеднички влез во Ф1

Андрети Гловал и Џенерал Моторс објавија дека имаат план да влезат со сопствена екипа во годините кои следуваат под брендот на Кадилак.

Уште во Февруари лани, Мајкл Андрети најави дека сака да формира нова Формула 1 екипа на гридот и најголем дел од минатата година работеше на добивање дозвола за влез во падокот. Мохамед Бен Сулајем неделава преку Твитер откри дека дал насоки да се направи анализа за влез на нова екипа во спортот, како прв чекор од проширување на гридот со 11ти тим.

продолжуваме со растот на андрети глобал и неговото семејство од тркачки екипи и секогаш целиме на тоа што е следно. чувствувам дека сме одлично подготвени да бидеме нова екипа во формула 1 која ќе донесе вредност на тркачката серија, вредност на нашите партнери и секако, возбуда за фановите.

горд сум што ги имаме џенерал мотор и кадилак со нас во трката по постигнувањето на целта. џенерал мотор и андрети делат иста љубов кон тркањето и видовме можност да ја комбинираме нашата страст кон моторспортот и посветеноста кон иновации за да изградиме вистински американски формула 1 тим – објави мајкл андрети.

Тој не сакаше да прогнозира кога новата екипа би се нашла на гридот затоа што таквата одлука не ја носи тој.

ќе бидеме на патеката кога ќе се создадат услови за тоа.

Новата екипа ќе добие мотор од некој друг добавувач, а двете компании ќе понудат силна техничка поддршка како дел од соработката. Екипата треба да работи од базата на Андрети Глобал во Фишерс, Индијана, нова фабрика која треба да почне да работи од 2025 година. Се размислува и на европска база поради полесна логистика за екипата.

Послена екипа која пристапи на гридот беше Хаас во 2016 година, а често се појавуваат шпекулации дека иа заинтересирани за влез во спортот, иако цената не е нималку за потценување. Влез во спортот бара поддршка од Формула 1 и екипите, а проблемот е што само два тима до сега јавно дадоа поддршка за нова екипа.

Влезот ќе чини 200 милиони долари кои ќе треба да се подаелат помеѓу екипите на име на разводнување на идната добивка поради поделбата на повеќе тимови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ