Андрети призна дека АлфаТаури не се на продажба

МАјкл Андрети призна дека купување на АлфаТаури нема да може да биде решение на неговата надеж за влез во Формула 1.

Андреди заедно со Кадилак бараат начин да стигнат до гридот, а останатите екипи заговараат зголемување на трошокот за развонднување на добивката кој секоја нова екипа треба да го плати. Согласно актуелниот Конкорд договор тој изнесува 200 милиони долари, но екипите бараат три пати поголема сума.

Шпекулациите велеа дека за малку повеќе пати од тие 600 милиони долари, Андрети може да го купи АлфаТаури, тим со персонал, фабрика и сите неопходни работи откако претходно проструи веста дека Ред Бул сака да се ослободи од својата втора екипа.

Тимскиот шеф Франц Тост, како и првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, веднаш демантираа дека екипата се продава.

Новинар на Associated Press го прашал Мајкл Андрети за купувањето на Ф1 тимот за време на првата Индикар трка во Флорида, што америанецот веднаш го демантирал.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ