Андрети се надева дека новите болиди ќе се следат 30% полесно

Поранешниот Формула 1 првак, Марио Андрети, се надева дека ќе биде направен значителен напредок во однос на следењето на болидите и тие ќе можат да се следат 30% полесно и подобро од ланските.

Тркачката серија е пред целосно нови правила за оваа сезона, огромна промена од минатите сезони и целосно нови аеродинамички правил за земјен ефект на болидите, различна филозофиј од претходно. Болидите со земјен ефект се користеа до 1982 година, но поради загриженост во однос на безбедноста, беа забранети, но се враќаат годинава со цел да се намали турбуленцијата и нечистиот воздух кој го создава болидот кој се следи.

Американецот Андрети вели дека не може да биде целосно сигурен дека аеродинамиката базиарана на земјен ефект во модерната ера може многу да помогне, но се надева дека следењето ќе биде барем 30% полесно.

колку што јас разбирам, овие болиди треба да оставаат помалку турбуленција зад себе за да на оние кои следат им биде полесно. идејата е да се генерира повеќе потисна сил под болидот наместо околу болидот и на тој начин да се елиминира нечистиот воздух. токму поради тоа не можам да разберам зошто спортот одбра да се користат пошироки болиди и крила пред неколку години, тоа само ја зголеми турбуленцијата и станаа уште позависни од дрс.

сега спортот и правилата се движат во спротивна насока, но јас не се осмелувам да предвидам дали ќе биде доволно за болидите да останат блиску еден до друг. ако барем 30% се подобрат работите, ќе биде одличен напредок – посочи андрети.

Секако дека новата аеродинамика ќе бара и промени во возачкиот стил, Андрети не гледа некои особени промени во тој дел.

возачите мора да се адаптираат, но тоа повеќе не е тешко. како и со секој болид, балансот мора да биде исправен, ако е така, тогаш ќе може вистински да покажат колку се брзи.

гарантирам дека новите болиди ќе бидат чудни за возачите на почетокот, но во спротивно, се друго ќе остане исто и сите ќе настојуваат да си ги избалансираат пакетите.

Идејата со земјениот ефект е болидите да бидат буквално залепени од потисната сила која ја генерира подот за да нема можност нечист воздух да ги бади од баланс и возачот да губи контрола. Но, Андрети потенцираше дека возачите мора да имаат верба во болидите затоа што ако не е така, промените со земјениот ефект ќе дадат спротивен контекст.

мора да имаат верба. колку повеќе потисна сила имаат толку е потешко да се корегира движењето ако потисната сила откаже. тоа е нешто што веќе се најавува особено при брзите кривини, или ги возите како на шини или излетувате. ако болидот не е притискан како што треба, потисната сила колабира.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ