Андрети убеден дека Алонсо има Инди 500 договор

Иако Мајкл Андрети не успеа да обезбеди учество на Фернандо Алонсо во овогодинешното издание на Индијанаполис 500, тој е сигурен дека шпанскиот возач ќе најде кокпит за трка на Брикјард во Мај.

Нандо сакаше трет обид за комплетирање на тројната круна и се беше договорено со тимот на Андрети пред нивниот доставувач на мотори, јапонска хонда, да стави вето на ангажманот на возачот поради минатите недоразбирања помеѓу двете страни додека соработуваа во Мекларен.

секогаш работите на два договори во исто време затоа што никогаш не знаете кој ќе се потпише. дадовме се од себе да го доведеме фернандо, но на крајот не можевме да се договориме и тој сега бара друго место кое повеќе му одговара. не верувајте во се што ќе прочитате – појасни андрети.

Најдобрите тимови кои возат со мотори на Шевролет, Пенске и Карпентер Рејсинг, немаат место за Нандо, додека помалите тимови се неконкурентни и неинтересни за двокраниот Формула 1 првак. Опциите за возачот се ограничени така што по се изгледа дека тој ќе мора да се врати на почетокот и да продолжи до соработува со Мекларен односно Ероу Мекларен СП.

сакаме да се осигураме дека се што правиме е за да бидеме конкурентни. имаме двајца млади возачи во оливер аскју и патрицио о`вард и тие се наш приоритет, но сакаме да имаме и трет болид на патеката. тоа не е задолжително, но може многу да ни помогне, но не сакаме да имаме три болиди “реда ради“.

алонсо претходно не беше на нашата листа, но сега е. јасно е дека е мега ѕвезда и огромен талент кој веќе има инди 500 искуство.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ