Астон немаат план Б ако Себ се повлече

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, смета дека Себастијан Фетел е клучен во иднината на тимот и тие немаат алтернатива доколку тој одлучи да се откаже од тркачката серија.

Четирикратниот поранешен првак има договор кој е валиден до крајот на оваа сезона, а возачот со 53 победи зад себе нема сеуште план за во иднина. Германецот пристигна во амбициозната екипа од Силверстон откако последните 2 години во Ферари му беа слаби и не доби продолжување на соработката.

Во Астон бавно се напредува, иако амбициите и целите се огромни, победи и титули, но сеуште нема ни трага од тоа и во моментов се единствено пред Вилијамс во конструкторскиот поредок.

На 35 години прашање е колку Фетел сака да чека и да добие силен болид со кој ќе може да нападне зад себе, но и дали е способен во моментов да вози на врвно ниво и да победува.

Крак не пропушта да повтори дека Фетел е клучен за нив и дека сакаат тој да остане без оглед на се.

имаме одличен однос и одлична соработка со себастијан и поради сето тоа не си поставивме никаков краен рок. тој го знае нашето мислење и шо сакаме, знае дека сакаме да продолжиме заедно.

разговараме, но тоа се размена на идеи во однос на заедничката иднина и одиме чекор по чекор. секако дека во одреден момент мора да донесе одлука, а во моментов не сметам дека си “игра“ со нас, туку дека ќе ни каже што решил штом биде сигурен за својата иднина.

летната пауза е време кога се средуваат мислите и кога може да се коцнентрирате и да решите што сакате ние едноставно немаме план б за негова замнеа – искрен е крак.

Тимскиот шеф е свесен дека најдобар начин да се убеди Себ да остане во Астон Мартин е да му се даде најдобар можеб болид и на тој начин да биде среќен.

не сакам да му се јавувам секој ден и да му се фалам што сме наравиле и што сме подобриле на болидот. мораме да го убедиме во напредокот и резултатите со она што се случува на патеката, но за жал тоа ни недостига во моментов. мораме да работиме напорно за да го убедиме дека се движиме во вистинска насока.

имаме нови луѓе во тимот кој може да направат голема разлиак во иднина како нашиот нов технички шеф, дан фалоус. себастијан го познава и знае што може. како што реков, мораме да зборуваме со дела, не зборови.

Запрашан дали тимот има резервна варијанта за следната година доколку Фетел реши да се повлече и дали може да биде Мик Шумахер, Крак децидно огодови:

не разговараме ништо во врска со потенцијални наследници на себ, тоа не го правиме ниту со него ниту со никој друг, едноставно сакаме тој да остане.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ