Астон свесни дека квалификациите им се најголем проблем

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, признава дека тимот од Силверстон треба да ги реши проблемите со квалификациите за да дојде во ситуција многу почесто да освојува поени на трки.

Во пресрет на летната пауза, тимот е на претпоследно место во поредокот, единствено Вилијамс се зад нив, а најдобар пласман им беше 6то место на Себастијан Фетел во Азербејџан, Крак посочи дека главен проблем за тимот се квалификациите кои се лоши и од кои тешко се враќаат во силен резултат.

одработевме голем број силни и позитивн итрки, но треба да стртуваме понапред затоа што неколку пати имавме силен ритам на трка, одработевме добра стратегија, но не успевавме доволно да напреднеме од лошото стартно место.

почнуваме многу назад и тоа е главен проблем и освојуање на еден до два поени не е доволно за да напредуваме во конструкторскиот поредок – посочи крак.

Дополнително, шефот објасни дека немаат објаснување за слабата брзина на летечки круг во квалификациите.

се обидуваме да разбереме и правиме се што знаеме затоа што тоа ни е главен проблем кој мора што поскоро да се промени. мораме да разбереме зошто сме толку лоши на квалификации.

најдобар пристап за да се разбере лошиот квалификациски ритам е разликата во времето, а не пласманот на крајот од квалификациите затоа што средината на поредокот е многу густа и многу често со најмала грешка се губат многу позиции.

ако некој успее да одработи без грешка, веднаш напредува многу позиции, можеби 5-6 места затоа што со толку густ поредок, важно е да не се погреши. поради тоа, ние водие смета за разликите во време и знаеме каде треба да се подобриме, но јасно е дека во сабота се мачиме, не во недела.

Шефот на тимот посочи дека повратниот ефект од управувачот со кој возачите се мачеа на почетокот од годинава и поради кој иаа судари во Мелбурн сега е решен.

проблемот со повратните информации од управувачот кој го имавме на почетокот е решен и направивме напредок во однос на то на последните трки. главна слабост ако погледнете на патеки како силверстон и австрија се летечките кривини, таму се мачиме. мораме да работие на аеродинамиката и сигурен сум дека можеме уште да го подобриме болидот.

Запрашан да се осврне на својата прва полусезона како шеф на екипата, Крак објасни:

да бидам искрен имам измешани чувства, среќен сум за начинот на кој тимот работи и начинот на кој сум пречекан како и развјот на нештата, но не сум задоволен од перформансите. сакав побрзо да напредуваме, како останатите и побрзо од нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ