Ауди официјално купи 25% од Заубер

Швајцарски Заубер потврди дека Ауди купил малцински удел во компанијата како подготовка за планот за нивен влез во Формула 1 од почетокот на 2026 година.

Во Август германците потврдија дека од таа година ќе станат дел од најпрестижната тркачка серија како доставувач на мотори, а Заубер ќе биде нивниот стратешки партнер, дефакто фабрички тим. Моторите ќе се произведуваат во Германија, додека швајцарската база на сегашен Алфа Ромео во Хинвил ќе биде местото каде ќе се прави шасијата.

Долгорочниот план на Ауди е се поголема вклученост во Формула 1 операцијата и како крајна цел, мнозинска сопственост во Заубер. Швајцарците потврдија дека Ауди во Јануари купил малцински удел од 25%, што сметаат дека е многу значаен настан на патот на производителот кон Формула 1.

Заубер Груп е компанија која е сопственик на тимот кој во моментов се трка под името Алфа Ромео и така е уште од 2019 година, а сезонава која претстои ќе биде последна за славниот италијански бренд во спортот.

Главен извршен директор на Заубер стана Андреас Сеидл, поранешниот тиски шеф на Мекларен, додека во Бордот на директор е и Џулиус Сеебах кој е дел од Ауди од 2015 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ