Барселона доби одобрение за 1.000 гледачи на трка

Патеката Барселона – Каталуња, која е домаќин на трката за Големата награда на Шпанија, доби дозвола за ограничен пристап на гледачи. 

Првите две трки на европско тло, одржани во Италија и Португалија, беа зад затворени врати, но организаторите во Шпанија добија ограничен број на гледачи. Вратите ќе бидат отворени за 1.000 гледачи и тоа само на трката во Недела. 

Под посебни здравствени протоколи може да се одржат настани со 50 проценти од капацитетот или максимум 1.000 гледачи во зависност која бројка е помала, гласи мерката која во моментов е на сила во престолнината на Каталонија.

Гледачите ќе мора да носат маски и не смее да конзумираат течности и храна додека температура ќе им биде мерена на самиот влез. 

Навистина сме задоволни со првиот чекор на отворање на нашите објекти. Ќе им посакаме добредојде на сите кои го сакаат моторспортот – изјави менаџерот на патеката, Јосеп Луис Сантамариа. 

Минатата трка во Шпанија беше без гледачи. Формула 1 одлучува за гледачи на секоја трка посебно. Последната одлука за гледачи во Монако сеуште треба да се донесе додека трката во Баку ќе биде без гледачи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ